Секс предизвик кој трае еден месец и ќе ве остави без зборови – кој е ЗА?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Дечко кој со својата партнерка се посветиле на овој секс предизвик тврди дека истиот го препородува сексуалниот живот и ја враќа возбудата и привлечноста кои обострано биле присутни меѓу партнерите на почетокот од врската.

Reddit корисник на оваа форумска платформа објави 31-дневен секс предизвик кој наскоро планира да го исполни со својата партнерка. Некои се шокирани, други возбудени, а трети, како и споменатиот пар, одлучиле да го тестираат својот сексуален живот.

Комплетниот предизвик кој трае 31 ден изгледа вака.

1 ден: Сексајте се било каде, само не пред спиење.

2 ден: Пробајте нови пози, заедно проучете видео со секс пози од Кама Сутра и одберете ја онаа која ви се допаѓа.

3 ден: Сексајте се два пати дневно.

4 ден: Прочитајте некое еротско списание или книга пред спиење, а една од приказните читајте ја на глас.

5 ден: Сексајте се под туш, добро насапунети.

6 ден: Измасирајте се еден со друг по целото тело пред секс.

7 ден: Впуштете се во секс на брзинка кој ќе трае десет минути или помалку. Изберете некое забавно место и време, како кујнската маса, на пример. За додатни поени, сексајте се набрзинка два или повеќе пати во текот на денот.

8 ден: Сексајте се во автомобилот штом ќе стигнете пред домот.

9 ден: Еден од вас нека седне на фотелја или стол за време на сексот.

10 ден: Сензуално измасирајте се пред секс користејќи масло.

11 ден: Дозволен е само орален секс. И едниот и другиот мора да доживеете оргазам, но позата 69 е забранета.

12 ден: Партнерката мора да биде доминантна и да му каже на мажот што сака. Дозволени се лисици и јаже.

13 ден: Доведете го мажот до оргазам без пенетрација, со уста, раце или тело, за бонус поени тука се и стапалата или градите.

14 ден: Најдете ново место за секс во домот. Може да биде сè што ќе ви падне на памет, под услов да не сте се сексале дотогаш на тоа место.

15 ден: Партнерите треба да се самозадоволуваат во исто врмее, по можност и да доживеат оргазам во исто време.

16 ден: Испробајте три напредни пози од Кама Сутра.

17 ден: Испробајте секс играчки, дозволено е и пожелно е баш сè.

18 ден: Изгледајте заедно барем 30-тина минути од некој порно филм. За време на фимот смеете да се допирате или да се сексате.

19 ден: Испробајте секс без пенетрација. Раце, уста, делови од телото и играчки се дозволени.

20 ден: Напишете еден на друг е-меил со своите сексуални фантазии.

21 ден: Заедно посетете секс шоп и купете по еден производ.

22 ден: Мажот треба да ја задоволи жената, но без пенетрација.

23 ден: Ден за „обичен“ секс.

24 ден: Посветете се на игрите. Можете да користите коцки мраз или други реквизити кои ве привлекуваат.

25 ден: Сексот нека трае подолго и нека биде полежерен. Идеално би било 45 минути, а на крајот и двајцата мора да доживеат оргазам.

26 ден: Мажот треба да доминира и да прави што сака. Бонус е користење лисици или јаже.

27 ден: Одете на вечера во ресторан и допирајте се под масата. Вечерта завршете ја со секс во хотел или дома.

28 ден: Ден за повеќекратен оргазам. После секој оргазам галете се, настојувајќи да го достигнете следниот оргазам.

29 ден: Одлуката за тоа кој партнер ќе доминира донесете ја со фрлање паричка. Одредете и безбедносен збор кој ќе спречи да ги прескокнете желбите од партнерот или тој вашите.

30 ден: Останете будни што подолго, по можност цела ноќ. Цело време треба да имате секс, а пожелно е да доживеете пет оргазми.

31 ден: Галете се и бакнувајте се, а на крајот водете љубов.

Правилата велат дека секој партнер пред почетокот на предизвикот може да ги замени активностите за два дена, по избор, но после тоа не смее да има промени. Секој од партнерите има два дена на вето во текот на кои може да избере само секс, наместо било која друга активност.

На листата можат да се додадат и други активности, зависно од договорот, а паузите се дозволени во текот на деновите од месечниот циклус кај жената, празници или деловни обврски на партнерите. Ако се пропушти еден ден, се додава нов, но предизвикот не смее да се одложи повеќе од 40 дена.

Еден партнер може да му стави вето на другиот, но тој бира која активност ќе ја замени онаа која испаднала од листата. Дозволено е користење на кондоми и контрацепција.