Секс остров во Колумбија им нуди на мажите сè што ќе посакаат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колумбиската компанија „Good Girls Company“ на 30 мажи им нуди шанса, во периодот од 24-ти до 27-ми ноември, да резервираат патување на островот Катрахен, каде ги очекуваат 60 проститутки достапни 24 часа на ден.

За цена од 5.000 долари гостите можат да очекуваат лет до приватниот остров и најраскошен одмор на светот, бидејќи покрај изоболниот секс во цената се вклучени и луксузни журки на јахти, бесплатен алкохол по избор, ексклузивни оброци, како и можност за слободно користење на дрога.

Како што се наведува на сајтот на компанијата: „Секоја карта подразбира неограничена количина секс со две девојки дневно, во текот на четири дена. Гостите во секој момент можат да ги заменат своите девојки со другите гости“.

Промотивниот спот за оваа понуда кој беше поставен на Јутрјуб, предизвика огорчени реакции и осуди поради промовирање на блуд и неморал. Спотот веднаш беше тргнат од Јутрјуб, но потоа повторно се појави на други канали.

Како што пренесува „Индепендент“, во Колумбија проституцијата е легална, па нејасно е дали ваквиот рекламен спот го крши законот.

Организаторите оставаат можност гостите после уплатата на аранжманот, самите да си ги изберат „задоволствата“ кои што сакаат да ги користат, но им нудат секојдневни „секс изненадувања“.

„Ако имате посебни желби од домаќините или девојките кои ќе ве забавуваат, кажете ги и ќе бидта исполнети“, стои во рекламата.

„Специјалитет“ на четиридневниот аранжман претставува „секс-фешта“, која подразбира половина час секс со 16 девојки одеднаш.