Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Некои од нив мора да се „поврзат“, а други само да почувствуваат страст.
Заведувањето е игра која никогаш нема да застари, ниту да стане досадна. Има нешто во заводничките погледи шармантните насмевки и слатките зборови. Но секоја жена „паѓа“ на различен начин. Еве што велат ѕвездите:
Овен
Жените кои се под овој знак ги заведуваат снажни мажи и полни со самодоверба. Баш како што се и тие самите. Скоро секогаш чекаат тој да го направи првиот чекор, но не сакаат ни премногу доминантни мажи.
Бик
Биковите не сакаат ништо на брзина. Обожаваат да ги заведуваат споро, а потенцијалниот додворувач едноставно мора да биде чист и добро да мириса. Во прилог им одат и некои подароци, како некој добар колач и многу комплименти.
Близнаци
Шармантни и креативни разговори се првите клучни услови за успешно освојување на жените родени во овој знак. Тие се многу сензуални и не смее да им биде досадно ниту во еден момент.
Рак
Раковите не сакаат додворување во некој клуб или со лоши штосови, тие најлесно се освојуваат на старомоден начин. Тоа значи – кино, вечера и сето тоа со доза на шарм и пристојност. Сакаат добро да го запознаат оној со кого ќе излегуваат.
Лав
Калиците на џунглата знаат дека се премија, па сакаат исти такви мажи. Средени, негувани и свесен сексипил. Лавицата не се препушта на никој кои и зборува внимателно.
Девица
Познато е дека девиците се мајстори за чистота и педантност, а тие одлики ги сакаат и на другите. Типовите со валкани нокти и коса немаат шанси кај нив.
Вага
Агресивни и нестрпливи мажи некако не се за жените под овој знак. Таквите мажи прават одбивност кај овој хороскопски знак, а малите предизвици ги привлекуваат и сакаат авантури.
Скорпија
Скориите сакаат да ги држат конците во раце дури и кога се работи за заведување. Иако главно се многу сензуални, не се баш заинтересирани за секс на првиот состанок. Тие сакаат во врската да влегуваат постепено.
Стрелец
За заведување на жените родени во овој знак потребно е да имате добро развиен план и активности. Затоа што тие не се за класичен тип на состанок. Пикник покрај водопад? Звучи одлично, уште ако сте шармантни и авантуристички настроен нема промашување.
Јарец
Јарците секогаш прифаќаат додворување на некој полн со самодоверба и мажи кои се успешни и со јасни цели. Тие мора да знаат дали потенцијалниот партнер ќе ги прати.
Водолија
Единствени, помалку ексцентрични поединци за нив се неодоливи. Додатен плус е доколку додворувачот е спонтан и скон на авантури.
Риба
Можеби се работи за романтичен знак, но кај Рибите не пали класика. Жените во овој знак сакаат да почувстуваат поврзаност со потенцијалниот партнер.