СЕКОЈА ЧЕСТ: Дедо игра активно тенис на 94 години, но и победува! (видео)

leonid

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој дедо и тоа како се бори против годините.

Леонид Станискавски без конкуренција е најстариот тенисер во светот има – 94 години!

Тој во текот на оваа недела е дел од Супер сениорското светско првенство во Умаг и како што самиот истакна за медиумите не игра од забава туку сака да победува.

„Луѓето често пати ме сретнуваа и ми велат: Ти си нашиот идол, не ни е важно дали ќе победиш. Сепак, јас не задоволувам само со тоа. Не играм од забава, сакам да победувам“, изјави Леонид.

Леонид во првото коло на турнирот забележа победа и тоа со резултат од 6:1 и 6:2!

Треба да се спомене дека овие турнири се наменети за лица постари од 65 години, но Леонид игра и победува иако е многу блиску до троцифрена бројка.

Што да се каже освен – СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРЕ!