Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Речиси половина од луѓето веруваат дека постојат вонземјани и сакаат со нив да стапат во контакт, покажува истражување спроведено во 24 земји.
Согласно резултатите, 47 проценти од 26.000 испитаници веруваат дека постои интелигентна воземска цивилизација во Вселената.
Уште поголем број, 61 процент, одговориле потврдно на прашањето дали веруваат во постоење на некој вид облик на живот на другите планети.
Околу четвртина од испитаниците изјавиле дека не веруваат во терориите дека интелигентни суштества живеат надвор од планетата земја, соопштија научниците од компанијата „Глокалитис“.
Меѓу оние кои веруваат дека не сме сами во Вселената, 60 проценти сметаат дека би требало да воспоставиме контант со вонвселенските цивилизации.
Иако не станува збор за прво истражување кое се занимава со постоењето на вонземските суштества (спроведени се истражувања во Германија, Британија и САД со слични резултати), научниците веруваат дека во прашање е најобемно истражување од овој тип, кое има глобални размери.
Најголем број од луѓето кои веруваат во вонземјани, живеат во Русија (68 проценти), по што следат Мексико и Кина, а на дното на листата се Холанѓаните со 28 проценти.
Истражувањето започнало во декември 2015 година, и траело до февруари 2016, а било спроведено на 15 јазици во земји чии што жители вкупно чинат 62 проценти од светската популација, кои имаат удел од 80 проценти кога е во прашање глобалната економија.