Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистичките истражувања и анализи кои ги пренесува престижниот The Guardian, направени од консултантската компанија „WealthInsight“, секој трет жител на Монако е милионер според неговиот финансиски статус. Веднаш зад Монако, по концентрација на милионери на едно место се најде Цирих.
Женева се наоѓа на третото место според милионерски статус на своите граѓани, а Лондон е четврт.
WealthInsight, која истражувањето го направи во соработка со Spear’s Magazine, изјавила дека Даблин бил изненадување на листата и се нашол во првите топ 10, поразувајќи ги Париз, Берлин и Москва.
Инвестиционата банка Credit Suisse, во своето годишно истражување за глобалното богатство за минатата година, изјавиле дека нерамноправноста расте низ светот, а половина од богатството на планетата сега е во рацете на само 1% од населението.
Според истражувањето, средната класа е потисната на сметка на богатите. Истражувањето исто така открило дека за прв пат во Кина имало повеќе поединци во средната класа – 109 милиони.
На почетокот на 2015 година Oxfam предупредил дека 1% од светското население ќе има повеќе богатство од другите 99% до крајот на 2016 година.
Топ 20 градови во Европа рангирани според густината на милионерите:
Монако 31,1%
Цирих 24,3%
Женева 17.7%
Лондон 3.4%
Осло 2.9%
Франкфурт 2,7%
Амстердам 2,7%
Фиренца 2.5%
Рим 2,4%
Даблин 2,3%
Венеција 2.3%
Париз 2,0%
Брисел 1,9%
Хамбург 1,8%
Стокхолм 1,8%
Единбург 1,5%
Виена 1,5%
Берлин 1.2%
Москва 0,8%
Барселона 0,6%