Секој парно корисник мора да има калориметар – колку ќе си потроши, толку ќе си плати


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Регулаторната комисија за енергетика предлага секој парно корисник задолжително да мора да вгради калориметар, кој ќе може да го исплаќа на рати.

Комисијата веќе упатила барање до БЕГ да направи анализа колку пари тоа би ги чинело граѓаните и дали може во сметките за парно да се вметнат и овие трошоци. Тоа би важело само за оние станови каде има хоризонтална поставенсот на цевките за парено, па ќе бидат потребни повеќе калориметри, а со тоа и цените ќе бидат повисоки.

„Тој трошок да се префрли кај потрошувачите и да се подели на повеќе рати. На пример, од 12 до 24 рати и на тој начин потрошувачите да не го почуствуваат трошокот. Таква пракса веќе има во мобилната телефонија, кога граѓаните купуваат телефони и за тоа не жалат пари.“ – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.

Според новиот Закон за енергетика, инсталирањето калориметри е задолжително само за секој нов објект, но не и за старите згради. Таму ќе се постават само доколку сите станари се согласни. Со калориметрите, велат од регулаторна, граѓаните ќе знаат колку потрошиле и за тоа ќе платат.

„Јас не верувам дека тоа ќе се случи до април. Треба и набавака да се направи. Да имаме прво точен увид колкави се цените на калириметрите. Ќе се вклучат и заедниците на станари, да кажат станарите дали се заинтересирани. Да имаме една вин-вин ситуација, за да може и потрошувачите да ги почуствуваат овие привилегии на намалување на трошоците за топлинска енергија“ – изјави Бислимоски.

Комисија за енергетика бара во Законот за градење, при издавање на одобрение за градба, покрај урбанистички план, секој да каже на што ќе се грее. Но за овие измени во Собранието ќе дебатира некој нов состав на пратеници.