Екстра

Секој кој го посакал, го стигнало проклетство: Овој рајски остров крие мрачна тајна

Кој и да го посакал овој остров за своја сопственост или исчезнал без трага, или трагично загинал или после доаѓањето на островот финансиски пропаднал. Така сведочи историјата на овој рајски остров чија мрачна тајна никој не може да ја открие со векови.

Магичниот италијански остров Гајола, оддалечен само триесетина метри до Неапол, изгледа како совршено место за одмор од соништата. Но, и покрај неговата идеална местоположба која нуди и лесен пристап до копно, а истовремено и интимност која ја нуди секој остров, на него не живее никој. Причината за тоа е што кој и да посакал да биде сопственик на овој мал островски рај, доживеал некој вид на несреќа.

Овој мал рај еднакво е интересен, како по изглед, така и по приказните кои се плетат за неговата историја. Составен е од две помали карпести островчиња поврзани со краток камен мост во форма на лак, за кој некои научници сметаат дека бил покрив на некогашен тунел.

Во античко време, на островот се наоѓал храм посветен на римската божица Венера, чија убавина го заменила оружјето кое војниците го користеле за одбрана на неаполскиот залив.

Гајола не бил наклонет кон своите сопственици и без оглед на прекрасната местоположба и убавина со која изобилува, таму никој веќе не сака да живее, бидејќи стравува од проклетството на островот.

Кој и да посакал да го има овој остров во сопственост или исчезнал без трага, или трагично загинал или после неговото доаѓање на островот доживеал финансиска пропаст и изгубил сè што поседувал. Како што тврдат локалните жители, несреќите почнале кога првата личност исчезнала од островот. Тој бил ексцентричен пустиник познат под името „Волшебникот“, кој живеел во осаменост и разговарал само со понекој рибар. Еден ден исчезнал без трага.

Богаташот Луиџи де Негри изградил прекрасна вила на островот и набрзо по завршувањето на нејзината изградба банкротирал. Нешто подоцна, капетанот Гаспаре Албенга сакал да го купи островот, но доживеал бродолом.

Во 19-ти век швајцарскиот богаташ Ханс Браун го купил островчето, но среќата набрзо и нему му свртела грб. Не поминало многу, а безживотното тело на Браун било најдено замотано во тепих. Неговата сопруга се удавила, случка која го шокирала локалното население бидејќи таа била позната како добар пливач.

Оттогаш, листата со трагични смртни случаи само станувала сè подолга. Богатиот Германец Ото Грунбак починал од срцев удар набрзо откако се преселил на Гајола.

И покрај сите морбидни и бизарни приказни кои кружеле, и фармацевтот Морис Ив Сандоз започнал изградба на вила на островот. Набрзо психички заболел и извршил самоубиство во една швајцарска болница.

Долгогодишниот претседател на компанијата Fiat, Џани Ањели, исто така на својата листа со желби го имал овој мал островски рај, но ни тој не го избегна проклетството на Гајола. Неговиот син беше пронајден мртов во реката под мостот познат како „Мост на самоубиствата“, а околностите за несреќата останале неразјаснети.

Во низата несреќи кои ги доживеале сопствениците на Гајола се вбројува и своевремено еден од најбогатите луѓе на светот, Пол Гети, кому во 1973 година му бил киднапиран внукот и му било отсечено увото.

Дали станува збор само за бизарна низа бројни случајности и сплет на несреќни околности или пак навистина станува збор за проклетство, најупорните авантуристи и денес се обидуваат да дознаат и да ја разоткријат вековната тајна на овој остров.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top