Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дали сте знаеле дека вашите смартфони имаат рок на траење после кој престануваат да работат како што треба? И тие се само еден од предметите кои секојдневно ги користите и тоа подолго отколку што треба, па со тоа си го загрозувате здравјето.
Еве што и на колку време треба да менувате.
Зачини – две години
Лоша вест за оние кои обожаваат да собираат ретки зачини. Залихата од нив мора почесто да ја освежувате. Поточно, на секои две години, бидејќи зачините после извесно време обично ги губат своите својства и вкус.
Патики – 6 месеци
Кога активно носите патики, нивниот систем за апсорпција на удари, ѓонот и петите брзо се трошат. Патиките за трчање треба да се менуваат после 400 истрчани километри, а обувките за други спортски активности после шест месеци редовна употреба.
Очила за сонце – 2 години
Ултравиолетовите зраци имаат негативен ефект врз сочивата. После некое време, леќите дозволуваат повеќе зраци да продрат до очите. Точниот рок на траење го одредува секој производител засебно, но се препорачува да ги менувате очилата за Сонце на секои две години.
Паста за заби/четка за заби – 1 година/3 месеци
Четкичките за заби треба да ги менувате на секои три месеци, со цел да не се претворат во инкубатор за бактерии. Пастата за заби треба да ја чувате најмногу една година после отворањето. Оттука, ако имате мала патна торбичка во која редовно си чувате подготвени средства за хигиена, проверете ги овие работи.
Крпи – 3 години
Освен фактот дека мокрите крпи се идеална средина за развој на бактерии, честото перење на крпите едноставно го троши текстилот. Перењето на високи температури тоа го забрзува за неколку пати. Се препорачува крпите да ги менувате на секои три години.
Чешел и четка за коса – 1 година
Рокот на траење на просечен чешел или четка за окса е само една година, дури и ако ги чистите и миете редовно. После тој временски период може да предизвикуваат првут и проблеми со косата.
Перници – до 3 години
Без оглед на видот на полнењето, перниците ја губат формата после 2-3 години. Здравото спиење е поважно од секоја драга и омилена перница, нели?
Ќебиња – 7 години
Ќебињата обично минуваат низ истите промени како перниците. Но, тие можат да „живеат“ подолго – до седум години. Со внимателна грижа и редовно сушење, можете да им го продолжите траењето и до 10 години. После тоа, дефинитивно ќе мора да ги смените.
Јога – до 10 години
Не заборавајте да купите нов душек кога одите по нов прекривач, бидејќи и двата треба да се менуваат на секои 8-10 години. Исто така, имајте на ум дека душекот треба да го свртувате на секои шест месеци, за да не се деформира и троши пребрзо.
Дрвена даска за сецкање – 3 години
Овој кујнски прибор треба да го менувате на секои три години. Во спротивно, стануваат добра средина за бактерии. Овен тоа, даските за сецкање се оштетуваат од големата влага и ножовите.
Кујнско сунѓерче – 2 недели
Периодот на безбедно и ефикасно користење на овие сунѓерчиња е сао две недели.
Смартфон – до 3 години
За жал, и паметните телефони имаат рок на траење. Се очекува стабилна работа во период од 2-3 години. После тоа, деловите почнуваат да работат со ненадејни прекини во својата активност. Тоа посебно се однесува на моделите со вградена батерија, која не може да се смени.