Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека некои го прават тоа затоа што сакаат да се во центарот на вниманието, други се склони да ја обновуваат врската со некогашните партнери, иако се во брак, а трети едноставно имаат силен сексуален нагон.
Скорпија
Личностите родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе во ситуација да го изневерат партнерот, и тоа особено ако нивниот однос не е доволно страствен
Кога Скопријата ќе види нешто што го сака, било да е тоа однос со некоја нова личност или нешто материјално, се ќе направи за тоа да го добие. Тоа вклучува и лажење и манипулација, доколку е потребно. Од друга страна, познато е дека се многу посветени на партнерот кога искрено ќе се заљубат и прават се така и да остане.
Сепак, силно се фокусирани на сексуалниот однос и тој им е мерило колку врската е успешна.
Вага
Кога доаѓа до проблеми во врската, Вагата че направи се да ја врати во нормална ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии, па тоа ќе се обидат да го избегнат по секоја цена. Понекогаш се склони да се прават дека не знаат што се случува, поради мир во куќата.
Склони се и на обновување на врската со бившите партнери. Исто така, во друштво ќе испраќаат сигнали дека се расположени за флерт, а со тоа шансите да го изневерат партнерот и тоа како се поголеми.
Лав
Веќе птиците на гранките знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, и тешко ќе одолеат на луѓето кои ги третираат убаво.
Нивното его и самодоверба можат да бидат атрактивни за другите, што често ги доведува во ситуација да се привлечни. Тоа е причина зошто шансите да тргнат на патот кон неверството кај нив се поголеми, особено ако оној кој им се додворува знае да се носи со нивното его.
ПОнекогаш можат да се почувствуваат големи и важни, со оглед на тоа дека нивната должност е да ја делат љубовта и телото со повеќе луѓе.
Стрелец
Личностите родени во овој знак имаат немирен дух, многу се љубопитни и постојано трагаат по нови, возбудливи искуства. Многу се спонтани и често нешто прават без да размислуваат за последиците.
Кога Стрелците се несреќни во врсата, ќе го изневерат партнерот со еден љубовник или дури и повеќе. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.
Тие кога изневеруваат, на новиот љубовник веднаш му признаваат дека се со некој во врска и објаснуваат зошто го изневеруваат.