Секогаш успешен: Одличен трик кој спречува загорување на храната во тавчето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сите се нервираме кога храната која ја готвиме ќе ни загори за дното од садот за готвење. Ако немате специјализирани тави со тефлон, или инокс-челик, кои се дизајнирани за подготовка за оброк без лепење на храната во садот, можете да се послужите со овој трик кој секогаш „пали“.

Храната ќе се залепи за дното од тавчето или тенџерето ако немате соодветни садови, односно ако намирниците сте ги ставиле на површината од тавчето која не е загреана на соодветна температура.

Експертите пресметале дека оптимална температура на тавата за печење без лепење е 160 степени Целзиусови. Вештите кулинарски мајстори знаат да ја препознаат таа температура кога е достигната со „адекватен“ метод, а сите останати можете да се послужите со овој.

Чистата тава без никакви маснотии како путер или масло ставете ја на шпорет и пуштете го да се загрева. Кога мислите дека е доволно вжештена, додајте на површината од тавчето малку вода.

Ако со водата ништо не се случува, тавчето уште не е доволно загреано. Ако водата почне да врие и да испари во секундата, тавчето уште ја нема постигнато оптималната температура. Идеална температура е кога капката ќе се однесува како пак за хокеј на мраз.

Еве ја видео демонстрацијата која може да ви заштеди многу нерви и време.