Актуелно

Секое чудо за кратко – центарот на Скопје после заминувањето на папата

По отслужувањето на јавната миса од страна на папата Франциск на скопскиот плоштад, животот во центарот на градот и улицата „Македонија“ се враќаат на старо, во „нормала“.

Белите заштитни огради кои што го ограничуваа движењето на минувачите се тргаат од плоштадот и од улицата „Македонија”.

Сѐ уште има присуство на полиција, меѓутоа безбедносни проверки веќе нема и граѓаните можат слободно да минуваат низ плоштадот.

Advertisements
To Top