Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По отслужувањето на јавната миса од страна на папата Франциск на скопскиот плоштад, животот во центарот на градот и улицата „Македонија“ се враќаат на старо, во „нормала“.
Белите заштитни огради кои што го ограничуваа движењето на минувачите се тргаат од плоштадот и од улицата „Македонија”.
Сѐ уште има присуство на полиција, меѓутоа безбедносни проверки веќе нема и граѓаните можат слободно да минуваат низ плоштадот.