Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред два дена светот дозна дека Мино Раиола е во многу тешка ситуација и се бори за живот, а вчера неговото семејство потврди дека починал.
Познатиот фудбалски агент ја загуби битката за болеста и почина на 54-годишна возраст.
Пред два дена се појави вест дека починал, која беше демантирана, но од болницата во Милано потврија дека е во многу тешка состојба.
Вчера семејството на Раиола официјално потврди дека ја загубил битката за болеста и починал на 54-годишна возраст.
— Mino Raiola (@MinoRaiola) April 30, 2022
Раиола беше еден од менаџерите кои имаа најмногу ѕвезди во својата агенција, па многу од нив се очекува ова лето да ја променат средината.
Најзвучните трансфери под капата на Раиола секако требаше да бидат Ерлинг Халанд и Пол Погба.
Преговорите помеѓу Халанд и Манчестер Сити се во за вршна фаза, а некои медиуми тврдат дека сите детали помеѓу Раиола и „граѓаните“ се веќе договорени.
Договорот на Погба истекува за два месеци и тој како слободен агент ќе го напушти Манчестер Јунајтед, а интерес за него покажуваат ПСЖ и Јувентус.
Од многуте фудбалери на кои менаџер им беше Раиола се очекуваше да направат трансфер Донарума, кој не се снајде во Париз, потоа Де Лихт, кој сака да го напушти Јувентус, но и Де Врај, Мазрауи, Гравенгерх, Ромањоли…
Добрата вест е што неговиот брат Винченцо му беше негов најблизок соработник, има менаџерска лиценца и сега тој ќе ги преземе правата на сите фудбалери и ќе договара трансфери.