Home Спорт Сега и официјално: Вентура повеќе не е селектор на Италија!

Сега и официјално: Вентура повеќе не е селектор на Италија!

Тоа што се очекуваше денес доби и офцијална потврда – Џанпјеро Вентура не е повеќе селектор на италијанската репрезентација.

Фудбалската федерација денес одлучи да му врачи отказ на Вентура после неуспехот да се пласира на Светско првенство, за прв пат после 60 години.

„Првата точка на состанокот на ФИГЦ беше околу водството на ‘аѕурите’ и од денеска, Џампјеро Вентура веќе не е селектор на националниот тим“, се вели во соопштението од ФИГЦ.

Вентура неодамна го продолж договорот до 2020 година, па тоа беше и причината поради која самиот не си поднесе оставка. Со добивањето на отказот фудбалската федерација ќе треба да му плати отштета од 700.000 евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прв фаворит за селекторското место е Карло Анчелоти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…