Home Спорт Сега и официјално: ПСЖ доби нов тренер

Сега и официјално: ПСЖ доби нов тренер

Веќе од поодамна некое време беше познато дека Унаи Емери на крајот на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен, а подолг период се шпекулираше за неговиот наследник.

Сега повеќе нема дилеми, стигна и официјална потврда од клубот – Томас Тухел ќе биде новиот тренер на скапоцениот тим на „светците“.

Тухел со ПСЖ потпишува договор на две години, а на „Паркот на принцовите“ се надеваат дека Германецот конечно може да ја одведе екипата до европскиот трон.

Германецот во својата досегашна тренерска кариера ги водеше екипите на Аугусбург, Мајнц и Борусија Дортмунд.

Отказ од редовите на „милионерите“ заработи минатата година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…