Сега никој не ги обожава, но наскоро сите ќе сакаат да седат на средните авионски седишта


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Единствено нешто полошо од долг пат во економската класа е седење на средното седишта во авионот.

Голем број на патници ги избегнуваат средните седишта. Погледот низ прозорецот и уживањето во пејсажите им се ускратени, за одењето во тоалет потребно е да ја замолат личноста, што седи покрај нив, а недостигот на простор за нозете и фактот дека личниот простор е загрозен, затоа што се наоѓате „во сендвич“ меѓу двајца патници не ја олеснува ситуацијата ни најмалку.

Овие проблеми во иднина би можеле да стана минато. Американската компанија „Molon Labe Designs“ од Денвер осмисли нов дизајн, при што средните седишта се многу поудобни во однос на досегашните стандарди.

Новите седишта се малку вовлечени и за 7,5 сантиметри пошироки од соседните, а двата средни потпирачи за рацете ќе бидат поставени под друг агол. Тие ќе бидат наменети само за лицата кои седат во средина, што значи дека биде спречена традиционалната „војна на лактовите“ на десет илјади метри.

Патниците во бизнис класата ќе бидат воодушевени со фактот дека средните седишта ќе имаат поширок екран и рамка во системот за забава во текот на летот.

„The Stagger Seat“ е наменет само за авиони со непарни броеви на седишта, што нема да одговараат на секое летало, но претставниците на компанијата наведуваат дека се надеваат оти и тој проблем наскоро ќе биде решен.

Новиот дизајн моментално чека на одобрување од американската Федерална управа за авијација. Наскоро ќе се добие зелено светло, а во употреба би можел да се најде за две години.