Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Учениците во Финска нема да имаат индивидуални часови по предмети како математика, географија и историја.
Во Финска, и официјално, училиштата почнуваат образовна револуција во форма на укинување на сите формални школски предмети, со што оваа скандинавска земја ќе биде прва во светот која го направила тој револуционерен потег.
Шефот на Канцеларијата за образование во Хелсинки, Марјо Килонен, изјави дека верува оти постоечкиот начин на подучување на децата во некои школи, а кој е базиран на модел кој го користеле студентите и учениците на почетокот од 1900-те години, е продуктивен, но дека сега веќе не е релевантен, ниту корисен.
Големите промени вклучуваат исфрлање на сите предмети од „курикулумот“, како што предложија финските службеници, кои ќе ги заменат со проучување на индивидуални случувања и феномени.
Тоа значи дека учениците веќе нема да имаат индивидуални предметни часови како математика, географија и историја. Наместо тоа, ќе проучуваат настани, како Втора светска војна, на пример, низ перспектива на математиката, географијата и историјата.
Предложена е дури и настава наречена „работа во кафуле“, која кај учениците ќе развие вештини за комуникација на англиски јазик, подобрување на знаењето од економија и комуникации.
Новиот систем е планирано да се примени на учениците кои наполниле 16 години и тоа уште од 2020 година. Тоа значи дека после завршувањето на своето иницијално образование од широк спектар на предмети, учениците сами ќе можат да бираат кои специфични настани или феномени сакаат да ги проучуваат, базирано на нивните интереси и идни перспективи.
Финскиот образовен систем, исто така, поттикнува и колективна работа, што значи дека учениците ќе работат заедно во мали групи во кои ќе водат дискусии наместо да седат поединечно во клупи, каде ги подучува еден наставник.
Овој нов систем ќе бара од сите наставници да имаат широки погледи и да се прилагодат на новиот начин на подучување, а околу 70 насто од наставниците во Хелсинки веќе почнаа да се подготвуваат за новиот начин на едукација. Како резултат на тоа, тие ќе добиваат и повисоки плати.