Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Италијанските медиуми со голема сигурност тврдат дека Јувентус го ставил Гиназало Игуаин на трансфер листа.
Веќе неколку дена на Апенините се шпекулираше за евентуалното заминување на Аргентинецот, а вчера веста не ја демантираше ни потпретседателот Павел Недвед.
Денес „Тутоспорт“, весник близок до Јувентус, на својата насловна страна потврди дека Игуаин е на продажба, притоа ја откри и цената за која „бјанконерите“ се спремни да го пуштат напаѓачот.
Имено, „старата дама“ е подготвена да се раздели со искусниот напаѓач ако за него добијат понуда од 55 до 60 милиони евра.
Целта на италијанскиот шампион е да го подмладат нападот со оглед на фактот што Игуаин има 30 години, па како негова замена сакаат да го донесат Мората или Марсијал.
Најсилен интерес за напаѓачот покажува Челзи, но не се исклучува и негов трансфер во ПСЖ.
Juventus will allow Gonzalo Higuaín to leave if they receive a right offer this summer, with Chelsea leading the race for the striker. (Source: Calciomercato) pic.twitter.com/tyuMwpdCSC
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 29, 2018