Сега е готово: Марсело побара да биде ставен на трансфер листа!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Иднината на Марсело во Реал Мадрид е неизвесна, а шпанските медиуми тврдат дека Бразилецот после 12 години ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Марсело иако важи за еден од најдобрите леви бекови во светот, оваа сезона игра под своите можности, па навивачите на „кралскиот“ клуб се лути на Бразилецот, кој од доаѓањето на Солари како да заборави да игра фудбал.

Како што сега стојат работите, Солари ќе го испрати Марсело на клупата, а на неговото место шанса ќе добие младиот Серхио Регулион, кој дефанзивно е многу поодговорен од искусниот колега.

Со Регулион Реал ги победи Атлетико и Ајакс во важните натпревари, додека со Марсело Реал е многу послаб во одбраната. Сето тоа придонесе Бразилецот да донесе одлука за напуштање на Реал Мадрид после цели 12 години.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Марсело вчера имал состанок со директорот Хозе Антонио Санчез и официјално побарал да биде ставен на трансфер листа.

Бразилецот е обврзан со клубот од Мадрид до 30 јуни 2022 година. Со сите претходни тренери на „кралскиот“ клуб тој беше во прв план, но за време на оваа сезона тој честопати се мачеше со повреди.

За Марсело има интерес во Јувентус, каде што игра неговиот голем пријател, Кристиано Роналдо. Португалецот лобира кај раководството на „старата дама“ за да го купат Бразилецот, така што многу е веројатен трансферот во летниот период.