Сега е готово: Куртоа утре доаѓа во Мадрид!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сагата за трансферот на Тибо Куртоа конечно заврши. Белгискиот голман утре доаѓа во Мадрид на лекарски прегледи.

Куртоа од поодамна имаше постигнато договор со „кралскиот“ клуб и го притискаше Челзи да му дозволи трансфер во Мадрид.

Откако „сините“ најдоа замена и репија да ја платат откупната клаузула за Кепа Аризабелага, му ја отворија излезната врата на Белгиецот.

Реал за неговиот потпис ќе плати „само“ 35 милиони евра, со оглед на фактот што Куртоа влезе во последната година од договорот.

Голманот се очекува утре да пристигне во Мадрид, а откако ќе ги помине лекарските прегледи ќе стави потпис на 5-годишен договор.