Сефте заборчување во 2019 година од 11,4 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првото задолжување на државата во новата 2019 година, на понуда се двегодишни државни обврзници во вкупен износ од 11,4 милиони евра со камата од 1,1 насто. Дополнително, на 29 јануари ќе се одржи уште едно наддавање за продажба на државни хартии од вредност.

Од Министерството за финансии има ветување дека ќе се организираат по две аукции месечно, со што ќе се намалува динамиката на задолжување кај домашните кредитори.

Според планот на министерството годинава нето задолжувањето на домашниот пазар треба да изнесува околу 8,7 милијарди денари.