Сефте во 2017 – задолжување од 31,7 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерството за финансии денеска ќе организира аукција на државни хартии од вредност. Од домашните кредитори ќе се побараат 31,7 милиони евра.

Времето на враќање на овие пари е една, две и 15 години. Утре за наплата доспеваат 15 милиони евра.

СДСМ вчера преку соопштение побара од министерот за финансии Кирил Миноски објаснување зошто се бараат 15 милиони евра повеќе од доспеаните обврски.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ова соопштение се вели дека нивото на долгот е умерено.

Официјалните податоци на Министерството за финансии велат дека заклучно со третиот квартал од лани јавниот долг достигна е 4,7 милијарди евра или 50,6% од  бруто домашниот производ.