Сефте распит на Сеад Кочан во СЈО


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бизнисменот Сеад Кочан денеска беше на распит во СЈО. Кочан кој е првоосомничен во случајот „Труст“ беше придружуван од неговиот адвокат Никола Додевски. Кривичниот совет претходно ја одби жалбата на СЈО за притвор на Кочан, кој претходно даде гаранција од речиси милион евра за да може да се брани од слобода.

Според истрагата на СЈО, обвинетите во случајот Труст фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“ на Кочан.