Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со пристигнувањето на првите гости во Охрид од Холандија може да се каже дека започна туристичката сезона во Македонија.
Од туристичките агнеции, хотелиерите, оваа годна очекуваат многу повеќе гости, за разлика од минатите години.
За странските туристи оваа година има многу поволности.
Резервациите и интересот за Македонија годинава навистина се зголемени. Очекуваме, доколку сè се одвива како што треба и доколку имаме стабилна ситуација во земјава, да донесеме околу 20% повеќе туристи, велат од туристичките агенции.
Со сличен став е и министерот за економија.
Очекувам дека со завршувањето на политичката криза ќе се овозможи зголемена динамика на македонската економија, а тоа ќе овозможи и подобри резултати во туристичкиот сектор, вели министерот Дритон Кучи.