Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денес прв пат откако стапи на оваа државничка функција, ќе има годишно обраќање пред пратениците во Собранието.
Ова ќе биде прво годишно обраќање во законодавниот дом на Пендаровски од стапувањето на должност во мај годинава, по победата на претседателските избори.
Во неговиот прв говор пред Собранието по положувањето на свечената заклетва, тој рече дека ќе биде претседател на сите граѓани. Речиси и да нема држава во Европа која е толку мала, а има толку поделби, особено политички, рече Пендаровски.
-Време е да ги залечиме отворени рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за својот политички рејтинг, рече Пендаровски.
Тој тогаш рече дека ќе подаде рака за соработка кон опозицијата, и оти има обврска да ги штити правата и статусот на политичкото малцинство од евентуалното самоволие на мнозинството.