Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Fonzo“ ќе биде филмска биографска приказна која е фокусирана на животот на најпознатиот мафијаш во историјата, Ал Капоне. Улогата на озлогласениот криминалец ја игра Британецот Том Харди, а режисер е Џош Тренк, кој прв сподели со јавноста една фотографија како ќе изгледа Харди во улогата на Ал Капоне.
Fonzo pic.twitter.com/hTQgef5Fwi
— Josh Trank (@joshuatrank) August 9, 2018
„Fonzo“ се фокусира на одреден дел од животот на познатиот мафијаш, кога на возраст од 47 години мозокот на Капоне е оштетен од деменција откако ги има поминато последните 10 години во затворска ќелија. Во неговата глава тогаш се преплетуваат минатото и сегашноста, притоа потсетувајќи го на насилството и криминалот во кој учествуваше додека беше слободен човек. Тој почина во 1947 година на возраст од 48 години.
Заедно со Том Харди во филмот се појавуваат уште и Линда Карделини, Мет Дилон, Кајл Меклахлан и Кетрин Нардучи. За режисерот Тренк ова е шанса за враќање во Холивуд откако подолг период ниту едно студио немаше доволно доверба во него, најмногу поради проблемите кои се случија на сетот на „Fantastic Four“.