Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прв пат во својот живот, на 55-годишна возраст, во брачните води заплови славниот американски режисер Квентин Тарантино, кој стапи во брак со неговата 20 години помлада девојка Даниела Пик.
После венчавката со еврејски адети и ритуали, брачната двојка направи венчален прием за пријателите и колегите. Меѓу гостите беа актерите Харви Кејтел, Тим Рот и режисерот Ели Рот.
Тарантино и Пик се запознале во 2009, кога режисерот во Израел го промовираше филмот „Inglorious Basterds” . Во меѓувреме ја прекинаа врската , за повторно да бидат заедно во 2015.
Тарантино ја побара Пик за сопруга минатото лето. Ова им е прв брак и на двајцата. Славниот режисер на прашањето зошто не се оженил досега изјави дека кога прави филм, сè се врти околу филмот и не му требаат жена или деца.
Даниела Пик ја почнала својата пејачка кариера пред дваесетина години со настапи заедно со својата сестра Шарон. Таа е ќерка на познат ирски пејач Цвајк Пик, кој бил популарен во 60-тите години во Ирска.
Во моментот Тарантино работи на филмот ,,Once Upon A Time In Hollywood”, во кој играат Бред Пит и Леонардо ДиКаприо, чие снимање заврши неколку дена пред венчавката.