Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, при прогласувањето на најдобрите студенти на УКИМ, истакна: „Нашите најдобри студенти со нивните успеси постигнати во текот на студиите учествуваат во дефинирањето на насоките на континуираното подигнување на квалитетот на студирањето на УКИМ како најстар, најдобар и најголем Универзитет во земјава“.
Ова е листата со најдобрите студнети на УКИМ кои дипломирале во учебната 2014/2015 година:
Ирена Велевска, дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на студиската програма – филозофија, со средна оценка 10,00.
Маја Вељанова, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, на студиската програма- правни студии, со средна оценка 10,00.
Мери Жаја, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на студиската програма- преработка на земјоделски производи, со средна оценка 10,00.
Сања Таневска, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на студиската програма – македонска книжевност, со средна оценка 10,00.
Филип Стојановски, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, на студиската прогарама – информатика и компјутерско инженерство, со средна оценка 10,00.
Харис Бабачиќ, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, на студиската програма – општа медицина, со средна оценка 10,00.
Горјан Анастасов, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на студиската програма – финансиски менаџмент, со средна оценка 10,00.
Иван Василески, дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на студиската програма – компјутерско системско инженерство и автоматика, со средна оценка 9,92.
Марија Кичевска, дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на студиската програма – балетска педагогија – класичен балет, со средна оценка 9,92.
Христина Маневска, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на студиската програма – сликарство-конзервација и реставрација, со средна оценка 9,92.
Мартина Бошковска, дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, на студиската програма – конфекциско инженерство, со средна оценка 9,90.
Арти Ќормемети, дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, на студиската програма – автоматика и флуидно инженерство, со средна оценка 9,85.
Јорданка Чанева, дипломирала на Градежниот факултет во Скопје, на студиската програма – градежништво, конструктивна насока, со средна оценка 9,84.
Ангела Наумоска, дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на студиската програма – драмски актери, со средна оценка 9,78.
Емилија Ѓоргиева, дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на студиската програма – применета хемија, со средна оценка 9,78.
Душица Велкова, дипломирала на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, на студиската програма – одделенска настава, со средна оценка 9,77.
Катерина Тноковска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет во Скопје, на студиската програма – магистер по фармација, со средна оценка 9,75.
Ивана Николоска, дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје, на студиската програма – озеленување и унапредување на животната средина, со средна оценка 9,64.
Лилјана Димевска, дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје, на студиската програма – интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,50.
Петар Кожуваровски, дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, на студиската програма – стручен забен техничар, со средна оценка 9,50.
Кристина Пандиловска, дипломирала на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, на студиската програма – проектирање и технологија на мебел и ентериер, со средна оценка 9,38.
Фото: МИА