Седум рани симптоми кои не смеете да ги игнорирате: Како да откриете тумор во рана фаза?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Порталот Брајт Сајд состави листа од неколку симптоми кои можат да упатуваат на рак, со препорака дека треба да се земат сериозно предвид.

Меѓутоа, ако ги приметите на себе или на вашите блиски, не брзајте со донесувањето на заклучоци, бидејќи тие можат да бидат знак и за друго заболување, пишува Експрес.

За да немате сомнеж, секако е најдобро да се советувате со лекар.

Неоплазма на кожата

Овие творби можат да бидат знак за рак на кожата или дојката. Останатите симптоми вклучуваат: тврди чворови во дојката или под пазувите, иритација или осип неврзан за храна или козметика, појава на „влажен“ чир во центарот на творбата, раст на младеж, промена на неговиот облик, големина или боја.

Постојана кашлица

Долготрајната кашлица е еден од симптомите за рак на белите дробои, кои најчесто се врзува со останатите симптоми како: намален апетит, необјасниво губење на тежината, искашлување на крв во секретот, како и пократок воздух

Чешање на кожата

Во повеќето случаи чешањето на кожата не е поврзан со туморите, но клиничкото искуство го доведува во врска со: неоплазма на матката, која предизвикува генитално чешање, тумор на мозкот може исто така да предизвика чешање во ноздрите

Промена на функцијата во системот за варење

Малигна болест на цревата и желудникот, може да предизвика и следни симптоми: крв во столицата и мачнина по оброците, слузава столица, спонтано празнење на цревата, тапа болка во абдоменот.

Промена при мокрење

Ова може да биде знак на малигна болест на бубрегот, која се поврзува со: крв во урината, зголемен крвен притисок, болка во бубрезите, хронично слабеење и замор.

Изненадувачко губење на тежината

Овој симптом најчесто се појавува кај ракот на желудникот, а му се придружуваат: одбивноста кон месо, прерано прехранување, односно чувство дека сте се прејале иако тоа не сте го направиле, анемоја, болки, гасови и надуеност при протокот на храна низ дигестивниот тракт.

Постојана болка во грлото

Долготрајната болка во грлото може да биде симптом на рак кој се поврзува со: потешкотии при голтањето и дишењето, чувство на грутки во грлото, промена во бојата на гласот, губење на гласот, искашлување на крв и задавување.