Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Колку и да ви е лесно во почетокот на наоѓате теми на разговор, поеддеднакво може да ви биде тешко да оддржите комуникација неколку месеци или години во врската.
Ви носиме прашања кои вашата врска ќе ја поткренат на сосема ново емотивно ниво:
1. Кога би можел да бидеш било каде на светот во овој момент, каде би бил и што би правел?
Ова прашање ќе ја пробуди фантазијата и ќе го поттикне вашиот партнер и вас на креативност, така што обајцата би можеле да смислите некое патување, кое може заедно да го реализирате во иднина.
2. Што ти предизвикало најмногу стрес оваа недела?
На овој начин ќе дознаете што тоа го држи вашиот партнер буден во ноќта, и ќе му докажете дека вам може да ви се довери и дека сте секогаш спремни да го ислушате.
3. Се сеќаваш ли кога…?
Уште едно одлично прашање за поттик на разговор и присетување на најубавите моменти минати заедно и планирање на нови, возбудливи авантури.
4. Кога би можел да работиш било што на светот една година, што би било тоа и зошто?
Вака ќе дознаете за што фантазирал вашиот партнер во детството или можеби за некои негови скриени желби и сништа. Секако и вие изнесете го одговорот на ова прашање.
5. Како си?
Колку и да се чини банално, ова прашање е многу важно. Кога ова прашање ќе му го поставите на партнерот, немојте да го прекинувате и гледајте го во очите за да ја почувствува вашата потполна предаденост и заинтересираност. Немојте да дозволите ова прашање да стане летимично кога не би знаеле што навистина би кажале.
6. По што би сакал да те паметат?
Со ова прашање ќе откриете како партнерот се самодефинира. Со ова прашање ќе му кажете порака дека сакате подобро да го запознаете и да му го подарите своето внимание.
7. Која е твојата најважна цел за десет години?
Освен што ќе дознаете кои се примарните амбиции на вашиот партнер, ќе сфатите колку сте компактибилни за продолжение на заеднички живот.