Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се повеќе стратези ја сфаќаат важноста на цревната флора која влијае на здравјето на целокупното тело, но и на расположението и менталното здравје. Поради тоа е важно да се јаде храна која ќе помогне да се чувствуваме подобро.
„Храната која ја јадеме дифинира како се чувствуваме“, истакнува нутриционистот Џош Аксе и откри кои седум намирници се добри за нов почеток
1. Лосос
Аксе тврди дека многумина кои страдаат од депресија не конзумирале храна богата со омега 3 масни киселини кои помагаат при подобро функционирање на мозокот.
Освен лососот, добар извор на омега 3 масни киселини се скушата, чиа семето и житариците.
2. Ореви
Јаткастите плодови се преполни со добри масти, а оревите се вегански извор на омега 3 масни киселини.
3.Спанаќ
Темните, зелени листови од спанаќот се полни со фолат и делуваат како природен лек против стресот. Освен спанаќот, Аксе препорачува лигњи, авокадо, репка и брокула кои го содржат истото.
4.Боровница
Антиоксидансите се важни за правилно функционирање на телото, а боровниците се вкусен начин да ги осигурате доволно.
Истражувањата покажуваат дека кај лицата кои конзумирале доволно антиоксиданси, значително се помали симптомите на анкциозност и депресија.
6. Кокосово масло
Здравите масти влијаат на поголемото ниво на енергија и подоброто расположение поради витамините и минералите кои ги содржи. Освен тоа, помагаат и спречуваат оштетување на слободните радикали поврзани со депресијата.
Изворот на здрави масти се во кокосовото масло, авокадото, оревите…
6. Леќа
Леќата е извор на протеини, кои помагаат а невролошката функција и ги оддржуваат хормоните во рамнотежа.
„Кога не конзумирате доволно протеини, станувате уморни, а имунолошки слаби“, вели Аксе.
7. Кефир
Пробиотиците помагаат во балансирањето на бактериите во цревата. Кефирот е природен пробиотик сличен на јогурт, кој можете да го пронајдете во сите продавници.