Седум мита за јаглехидратите во кои треба да престанете да верувате

јаглехидрати

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јаглехидратите имаат многу лоша репутација во рамки на верувањата на луѓето за здравата исхрана. Ако сакате да намалите на тежина, треба да го намалите внесувањето на јаглехидрати, така? А ако сте надвор од форма овој викенд, тоа е затоа што сте јаделе премногу јаглехидрати, нели?

Иако постои и нешто малку вистина во овие верувања, погрешно е да мислите дека вината за вашиот вишок килограми паѓа исклучиво на јаглехидратите. Наместо тоа, прочитајте ги овие седум доста чести верувања за јаглехидратите кои воопшто не се точни и слободно дајте си малку оддишка.

Јаглехидратите, всушност, не му се потребни на вашето тело

Иако, теоретски, возможно е да преживеете без јаглехидрати, тоа никако не е добра идеја. Јаглехидратите, кои се разградуваат на глукоза, се главен извор на енергија за вашиот мозок. Ако го ограничите количеството на глукоза, вашето тело ќе бара други извори на енергија, најчесто од вашите мускули.

јаглехидрати

Јаглехидратите се „лоша“ храна

Лоша храна е храната која нашето тело не ја поднесува добро, храната на која сме алергични или храната која е расипана. Јаглехидратите не спаѓаат во ниту една од овие категрии, па затоа поимањето на истите како лоша храна е само лош впечаток кој ќе го имате кога следниот пат ќе јадете пица.

Ако го намалите внесувањето на јаглехидрати ќе изгубите на тежина

Кога луѓето на неколку дена од храната ќе ги исфрлат јаглехидратите, застануваат на вага и гледаат дека бројот на килограми се намалил, па повеќето тоа намалување на вишокот килограми веднаш го припишуваат на исфрлањето на јаглехидратите.

Тоа може, но и не мора да биде точно. Губењето на тежина не е гарантирано со исфрлањето на јаглехидратите од вашата исхрана. Во овој случај, за намалувањето на килажата веројатно е заслужно губењето на вода во организмот, а не на маснотии, имајќи во предвид дека јаглехидратите се врзуваат со вода.

Јаглехидратите е најдобро да ги консумирате наутро

Вашето тело знае што да прави со јаглехидратите, независно во кој период од денот ги консумирате. Единствена причина поради која можете да го ограничите внесувањето јаглехидрати пред крајот на денот е ручекот кој веќе ја задоволил дневната потреба од јаглехидрати. Во тој случај, за вечера може е подобро да јадете порција зеленчук и протеини.

Воопштеното генерализирање за тоа кога е добро да се консумираат јаглехидрати е целосно погрешен пристап.

Најдобро време за внесување јаглехидрати е после вежбањето

Сето тоа зависи од должината и интензитетот на вашиот тренинг. Ако само сте пешачеле или сте јаделе брзо пред тренингот, нема потреба после него (повторно) да внесувате јаглехидрати. Но, ако сте направиле интензивен тренинг, а пред тоа не сте јаделе ништо неколку часа, треба да се наполните со јаглехидрати и протеини. Само јаглехидратите во тој случај нема да бидат доволни.

Јаглехидратите се наоѓаат само во тестенини, леб, ориз и слични производи

Јаглехидратите се наоѓаат во речиси сè. Може да ги има и во млечните производи, овошјето, зеленчукот. Важно е добро да се одбере кои јаглехидрати ќе ги консумирате, но никако не треба да ги отпишете сите.

На пример, храната полна со влакна подолго ќе не одржи сити, па поради тоа, јадете зеленчук, а држете се подалеку од чоколаден кекс.

Јаглехидратите и шеќерите се различни работи

Шеќерот е еден од видовите на јаглехидрати, како што се тоа и скробот и влакната. Шеќерите понекогаш се нарекуваат прости (едноставни) јаглехидрати, а неколку од нив можат да се поврзат и да создадат полисахариди кои ги знаеме и како сложени јаглехидрати.