Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бугарските полициски служби уапсија седум лица се уапсени откако вчера во близина на Софија биле пронајдени 18 задушени мигранти во напуштен камион во кој се движеле од границата со Турција до границата со Србија.
„Можам да потврдам дека се приведени седум лица“, изјави денеска официјален претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи за АФП. Вчера полицијата приведе четири лица, шверцери ан мигранти, но не се знае нивната националност.
Меѓу уапсените е и шефот на бандата шверцери, кој претходно беше осуден на условна казна од пет месеци затвор за трговија со луѓе, изјави друг државен функционер.
Истрагата утврдила дека камионот нелегално превезувал 52 лица скриени под дрва, главно мигранти од Авганистан кои дошле од Турција.
34-те спасени мигранти се во болница, каде лекарите велат дека се гушеле во малиот простор и дека биле тешко дехидрирани и не јаделе со денови.
Бугарија, која е една од главните порти за мигрантите кон ЕУ, забележа зголемување на илегалната имиграција минатата година, и покрај 235 километри ограда од бодликава жица долж границата со Турција.
Во последните месеци приливот на мигранти е најголем од мигрантската криза во 2015 година.