Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Францускиот уметник Абрахам Поинкевал вчера се затвори во издлабена карпа тешка 12 тони, која се наоѓа во париската галерија Palais de Tokyo и таму ќе помине една недела.
Својот перформанс Абрахам го нарече „Проект за живот во камен“, а објасни дека поентата е старее каменот во внатрешноста од карпата.
Карпата се состои од две споени половини од еден голем камен. На нив се наоѓаат дупчиња за проток на воздух, како и место за залихи на вода, супа и сушено овошје. Таму се сместени и камери кои ќе го следат Абрахам цело време додека е во карпата, а преку жици ќе биде надгледувана работата на неговото срце.
Поинкевал, кој после овој перформанс планира да помине три до четири недели седејќи врз јајца, истакнува дека предизвикот е многу поголем од ментална, отколку од физичка гледна точка. Тој претходно две недели помина во внатрешноста на скулптура од препарирана мечка, во подземна дупка во една книжара и пловеше во големо пластично шише.
За новинарите изјави дека крајна амбиција му е „шетање по облаците“, на која работи пет години, но дека за неа уште не е спремен.