Живот

Седум брачни совети за помалку кризи во бракот

Бракот, брачните односи и љубовта се комплицирани раобти кои можат да расцутат или да овенат со само неколку потези. Иако денес е врежан ставот дека разводот во модерното време е вообичаена појава, тој е значително поболен отколку борбата љубовта да опстане.

Љубовта можеби не е борба, но бракот е секојдневна борба за опстанок – љубов, среќа, здравје, односи и сето останато што со себе го носи секојдневието во животот. Ситуацијата дополнително се комплицира ако брачните односи често се земаат здраво за готово, а навиките надвладуваат над почетниот љубовен занес.

Поради тоа, Тара Паркер-Поуп ја напиша книгата For Better, со која нуди брачни совети за што помалку кризи во бракот, базирани на факти со научен пристап и истражувања од брачните советници.

1. Прославувајте ги добрите нешта

После низа истражувања, испаѓа дека еден од главните виновници за распад на бракот не лежи толку во количеството на негатини работ, колку во фактот дека позитините работи ги има сè помалку во брачниот живот. Затоа, ако сакате вашиот брак да трае или да се врати на старите убави и добри патеки, авторката советува да го прославувате и одбележувате секој позитивен момент. Така позитивните сеќавања и позитините ритуали ќе превладеат над оние негатините, кои ионака секогаш ќе ги има, бидејќи во секој брак ги има.

До овој заклучок дошле истражувачите од едно брачно советувалиште во Денвер, каде заклучиле дека паровите кои значително повеќе се забавуваат и веселат (слават), имаат многу подобар меѓусебен однос – поприврзани се, поинтимни, имаат повеќе доверба еден во друг, а со самото тоа и нивниот однос ќе биде значително поквалитетен.

Секако, и кај таквите парови понекогаш ќе има запнување и кризи, ќе наидуваат неподготвени на некои проблеми, но генерално гледано, таквите парови се поспремни да ги признаат своите грешки и заедно да ги протуркаат кризите и проблемите, за разлика од паровите кои мислат дека се подразбира оти љубовта и гордоста се секогаш присутни.

Радувајте им се секојдневно на малите убави нешта, бидејќи тие се гаранција за долгорочна среќа.

2. Пет спрема еден

За да се надоврземе на првата теза – ако во вашето секојдневие се случуваат пет среќни наспроти една негативна работа – вашиот брак е речиси идеален. Ако бројката е изедначена (да не правиме муабет да преовладуваат негативностите), големи се шансите бракот да се разниша и распадне, ако веќе и не пропаѓа, бидејќи негатините работи секогаш оставаат малку горчлв вкус во устата, па со самото тоа се и повлијателни на вагата на среќата во вашиот однос.

Секако, не мора секој ден да ги броите добрите и лошите моменти, но знајте дека после секое лошо искуство (момент/кавга/коментар) не е доволно само да се гушнете и да си кажете „извини“. Тоа не се брои. Потребно е да направите нешто повеќе за на вагата на среќата повторно да натежнат позитивните работи.

Бракот е секојдневно вложување во односот, запамтете го тоа.

3. Од бракот очекувајте многу

Секој кој се задоволува со просечен брак, таков однос ќе има во истиот. Оние кои границите на очекувањата ги подигнуваат малку повисоко, веројатно ќе имаат и поквалитетен и поисполнет брак. Ова е доста едноставна пресметка која ја потврдуваат и брачните советници.

Лицата кои пред бракот замислувале идеален однос, кои навистина очекуваат да бидат третирани со високо почитување, заедно со добрата комуникација и многу љубов и страст, на крајот имаат и таков идеален брак. Лицата пак кои од старт немаат големи очекувања, ниту пружаат, ниту пак очекуваат да добијат за возврат такви високи стандарди.

4. Пријателите и поширокото семејство се еднакво важни како и партнерот

Ниту човекот е остров, ниту бракот е доволен за среќата на еден човек во животот. Бракот можеби треба да биде најважен, но дефинитино не и единствен однос кој ќе го негувате во животот.

Во ред е и убаво е кога вашиот животен партнер истовремено е и ваш најдобра пријател, тоа се подразбира, но ниту еден брак не е спој на двајца луѓе со апсолутно исти интереси. За тоа служат и некои други луѓе кои ќе ви понудат оддишка од двочленото партнерство и ќе ве збогатат како личност, а со тоа и вашиот живот. А со тоа збогатување, истовремено ќе станете поинтересни и за вашиот партнер.

За поддршката од пријателите и семејството и да не зборуваме.

5. Не очекувајте од вашиот партнер да ве забавува

Секој е сам творец на својата среќа, па навистина не е фер да очекувате дека со бракот ќе си добиете свој дворски шут кој вечно ќе ве забавува и усреќува. За среќата сте задолжени пред сè самите, а тоа што сте во брак само значи дека таа среќа ќе можете да ја пронајдете или споделите заедно со некој друг.

Големите настани кои го одбележуваат бракот – почнувајќи од венчавката, до раѓањето на деца, преселбите, купувањето имот, промената на работните места и слично – сето тоа се само моменти на краткотраен пораст на среќа, но експертите кои се занимаваат со брачните прашања едногласно заклучуваат дека среќата е релативна и индивидуална работа

Со други зборови, ако сте среќна личност, ве радуваат малите нешта, такви ќе бидете и во бракот. Но, ако пред судбоносното „да“ почесто сте биле несреќни отколку среќни, не очекувајте дека вашиот партнер/ка од вас ќе направи значително посреќен човек, бидејќи секоја постапка само краткорочно носи чувство на среќа или несреќа.

6. Често уживајте во сексот

И покрај децата, заморот и секојдневието, сексот е лек, не само како биолошка потреба на човекот, туку лек и за добар брачен однос. Покрај сите биолошки бенефиции, страста и интимата се апсолутни прваци за подигнување на доброто расположение во бракот.

Затоа, секој пат кога ќе помислите дека поради децата, работата, обврските, главоболката и слично, немате време за квалитетен секс, сетете се дека должината на траењето на тој однос главно (статистички гледано) не трае долго.

Затоа, наместо изговори, создадете си услови за квалитетна секс авантура и украдете некој миг за интима и страсти.

7. Барајте возбуди

За разлика од времето кога сте биле девојка или момче и сте се журкале „до даска“, бракот е нешто посмирена заедница, но баш заради тоа што вашиот однос сега се врти околу децата, па одвај чекате да скубнете некој мирен момент, на вашиот брачен однос му треба возбуда.

Заштитете го својот брак од монотонија со полуди вечерни излегувања. Или ако не сте ноќен тип, барајте возбуда во онакво опкружување и моменти кои и се по вкус. Направете листа на заеднички желби кои сакате заедно да ги доживеете и искусите, но да не бидат поврзани со домот, каучот и далечинскиот управувач.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top