Седницата за разрешување на Зврлевски прекината, пратениците ќе оделе на слава


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пратениците од ВМРО ДПМНЕ побараа прекин на расправата во Собранието за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски во 18 часот за да одат на слава.

„Пола од пратениците седат на штрек и чекаат да одат на слава денеска на Свети Петар, утре на Свети Павле. Бараме да ја прекинете седницата за да одиме на овие големи христијански празници и да ги испочитуваме. Исто како за ифтар вечерата за рамазанскиот пост”, рекоа координаторите Илија Димовски и Антонио Милошоски.

„Има закон за празниците и таму стои кои празници се неработни. Има 120 пратеници, 120 слави и имендени. Вака воспоставувате практика секој за свој именден утре да бара прекин на седницата. Со сиот почит кон верските празници, може секој да оди и да слави”, рече спикерот Талат Џафери.

По силните дофрлања Џафери сепак попушти и ја презакажа седницата за утре.

„Штом не сакате да работите, еве тука ја прекинувам седницата“, рече Џафери, барајќи славите да не станат практика за прекинување на пленарните седници.