Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Информација за нацрт стратегијата за одбрана на Република С. Македонија, како и предлог одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во мировните операции „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мисијата на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, се на дневен ред на денешната редовна седница на Владата.
На предлог на Министерството за образование и наука на оваа седница Владата ќе биде информирана за активностите за примена на клучните мерки од поддимензијата Антикорупција од „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“, за најсоодветен начин за воведување на антикорупциски теми во рамки на годишната програма на училиштата, најави владината прес-служба.
На владината седница ќе биде разгледана и информацијата за одржната 15.редовна седница на Националниот совет за информациски и комуникациски технологии и сајбер безбедност и сајбер безбедност.