Седата коса може да биде ГОЛЕМ знак за здравствени проблеми


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Седата коса повеќето луѓе ја доживуваат како знак на стареење, но таа може да биде совршен додаток на шарм на личноста која добро ја носи.

Фоликулите на косата стареат заедно со нас и во текот на годините произведуваат се помалку меланин, така што косата станува прво сива, а потоа бела. Меланинот е пигмент кој на нашата коса и ја дава природната боја.

Нормално е кога постара личност поседува, но кога тога ќе се случи кај младите, се бараат причините кои предизвикуваат прерано поседување на косата. Причините се, според тврдењата на експертите различни.

Ако вашите родители поседеле порано, тоа ве очекува и вас, а ако не можете да ги обвините гените, можеби можете да го одложите овој процес.

Прераната појава на седи влакна може да биде знак и на некоја неоткрена болест.

Младите момци кои прерано поседуваат и треба да посетат кардиолог бидејќи тоа може да биде знак на срцева болест во почетна фаза. Понекогаш нашето тело го напаѓаат аутоуимуни болести кои не ги штедат ниту фоликулите на косата, што потоа предизвикува прерана појава на седата коса. Тоа може да биде знак и со проблеми врзани за тироидната жлезда или хипофизата, што е реткост, но се случува.

Поради пушењето нашата кожа побрзо старее, а тоа се однесува и на косата. Истражувањата покажуваат дека дуванот и седата коса се доста поврзани. Иако на себе не гледаме боре, пушењето и тоа како влијае на фоликулите на косата, а пушачите почнуваат да поседуваат уште пред триесеттата година.

Хроничниот стрес исто така допринесува за седа коса.

Оксидациониот стрес предизвикува слободните радијали, кои се последица од загадувањето, лошата исхрана и стресот, ја надвладуваат нашата антиоксидациона одбрана. Сивата кожа може да укаже на штета предизвикана од оксидациониот стрес. Докажано е и дека личностите со сива коса имаат поголемо ниво на прооксиданс и пониско ниво на антиоксиданс од луѓето со нормална боја на коса.

Недостатокот на витаминот Б12 исто така предизвикува предвремено губење на пигментот во косата, што е посебно често кај бегетаријанците и веганите. Најдобриот извор на Б12 се јајцата, млекото, млечните производи, месото, рибата и живината.

Зголемениот ризик имаат и жените кои конзумираат пилули за контрацепција и луѓето кои страдаат од проблеми со желудникот и дигестивниот тракт, но за нив добрата вест е дека пигментацијата на косата се враќа кога ќе се воспостави витаминска рамнотежа.