Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бизнисменот Сеад Кочан, кој два месеци се наоѓаше во бегство, вчера на Клиниката за кардиологија бил примен во прединфарктна состојба и бил пренесен во апартман на клиниката, дознава БИРН од извори на Кардиологија, кои тврдат дека денеска на бизнисменот осомничен за случајот Труст му бил вграден стент, а пренесува Призма.
Сеад Кочан, сопственикот на Трансмет се врати во земјава само еден ден откако Врховниот суд, на барање на Основното јавно обвинителство на Марко Зврлевски, му го укина притворот и го врати предметот на повторно одлучување.
Сега, судијките Моника Бахчовановска, Сафија Лаличиќ и Љубинка Башевска од скопскиот Кривичен суд ќе одлучуваат за притворот на осомничениот бизнисмен за случајот Труст.
Судијката Лаличиќ е позната по таканаречените бомби што ги обелодени СДСМ, додека за судијката Бахчовановска БИРН веќе пишуваше дека е сопруга на директорот на Државната лотарија на Македонија Владимир Бахчовановски и е позната по тоа што како пркршочен судија ги одбиваше сите пријави против телевизија „Сител“ за непрофесионално известување од изборите. Таа од 1 март годинава, беше ставена да работи на предмети од кривична материја. Башевска пак, го судеше случајот Пуч.
Неизвесно останува како обвинителството на Марко Зврлевски се вмеша во случајот Труст, кога Специјалното јавно обвинителство е исклучително надлежно да постапува по предметите што се поврзани со материјалите од прислушуваните разговори.
Во меѓувреме, откако стана претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски три пати го менуваше составот на Кривичниот совет кој требаше да одлучува по Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) предложено од обвинителот Ацо Колевски од Основното јавно обвинителство.
Од советот прво беше тргната Лидија Неделкова, а по неа и Лидија Тасева. Во советот беше ставена досегашната управна судијка Рахилка Стојковска.
Стојковска заедно со Вангеловски и Ристо Катавеновски гласале да му се укине притворот на Кочан, додека судиите Џемаили Саити и Фаик Арслани биле против ваквата одлука.
Извор: Призма