Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После 2 години од разводот со Мелинда, со која имаат три деца, милијардерот и технолошки иноватор Бил Гејтс има нова љубовна врска.
Според извори блиски до Гејтс, тој мошне успешно ја криел врската од јавноста – иако романсата почнала пред повеќе од една година.
Две години по неочекуваната разделба од Мелинда, Бил Гејтс во јавност се појави со новата девојка. Станува збор за Пола Хурд, која беше во брак со поранешниот извршен директор на компанијата за компјутерски софтвер Oracle, Марк Хурд.
67-годишнит основач на Microsoft првпат беше забележан со Пола на неколку натпревари на Australian Open, а сега нивната врска ја потврди и извор близок до милијардерот.
Марк почина во 2019-та, на 62-годишна возраст, наводно од рак. Пола има две ќерки од бракот со Марк.
Денес Пола работи како организатор на настани, а исто како Бил, и таа е филантроп.
Не е познато колку точно изнесува нејзиното богатство, но богатството на нејзиниот сопруг беше проценето на 500 милиони долари во периодот на неговата смрт.