СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ТЕНЗИИТЕ: Ракета лансирана од Појасот Газа погоди израелски град


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракета лансирана од Појасот Газа доцна синоќа го погоди израелскиот град Сдерот, соопшти Армијата на Израел, без да прецизира дали проектилот предизвикал жртви и материјални штети.

Како што јави МИА, ова е трета ракета истрелана врз Израел откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата реши да го признае Ерусалим како израелски главен град.

Претходно, како одговор на првите два ракетни напади, ираелски авиони денеска бомбардираа камп за обука и складиште за муниција на исламистичкото движење Хамас во Појасот Газа.

Според палестински извори, при израелските воздушни напади биле ранети најмалку 15 лица.

Тензиите во појасот Газа, во источен Ерусалим започнаа откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за престолнина на Израел и потпиша документ за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Светиот град.

Одлуката на Трамп предизвика бурни реакции, како кај арапскиот свет, така и кај целата меѓународна заедница.

Околу 3.000 демонстранти учевствуваа во демонстрациите на Западниот брег во Рамали, Хеброн и Витлејем, палејќи фотографии од Трамп и автомобилски гуми. Во судир со полицијата беа повредени 750 демонстранти, а едно лице почина.