Се зголемуваат ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ за ПРАТЕНИЦИТЕ!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Собранието догодина ќе потроши 9,3 милиони евра. Така пишува во предлог буџетот за 2018 година. Во собраниската зграда до крајот на годинава ќе има 437 вработени (34 повеќе од почетокот на годинава). За плати и надоместоци на пратениците и вработените во 2018 година ќе се потрошат 5,1 милион евра. А за патни трошоци се планираат 1,3 милиони евра или двојно повеќе од парите потрошени за годинава, пишува МКД.мк.

Она што последниве години беше една од главните жешки теми во јавноста беа парите кои пратениците ги добиваат за дневници и патни трошоци за нивното присуство на собраниските седници. Тие добиваа дневници и пари за бензин со амортизација на нивните возила за патувањата од местото од каде што доаѓаат до Скопје. На годишно ниво, пратениците од Охрид, Гевгелија, Струмица, Битола… собираа и до 20.000 евра за дневници и патни трошоци, за кои собраниските служби никогаш и не вршеле некакви построги контроли за тоа дали тие патни трошоци се и реално направени.

Јавноста постојано го покренува прашањето за огромните пратенички привилегии, кои само на патни трошоци заработуваа по речиси уште една плата месечно. Но, пратениците во собраниската сала никогаш и не го отвортија ова прашање. И СДСМ ветуваше дека ова ќе биде дел од нивните ветени реформи. Но, собранискиот буџет за оваа намена за догодина не само што не го намали овој трошок, туку и двојно го зголеми. А кај претседаателот на Собранието нема ниту една иницијатива за промени во законот за народните претставници за намалување на овие трошоци.

На твитер. пак, почна расправата за пратеничките привилегии. Професорката Јасна Котевска ја отвори оваа тема, на која твитер заедницата жестоко реагира.

„Значи сега вака. СДСМ, ич да не ви чуе. Вие само терајте со глупостите, а ние ќе тераме со граѓански отпор. Па да не се случи пак некој 5 мај 2015. Онака чисто, дека за едно дојдовте, друго правите и лажете и дури не ви ни чуе. Затоа ете… Овој парламентарен состав донел ист буџет за патни трошоци ко Бонева. Џабе пингам луѓе од Скопје, коа они својата плата внатре својата „група“ не може да ја извојуваат… Режимот требаше да падне оти ѝ нанесе зло на цела земја. И падна, супер. Моментот кога Шарената револуција стана парламент и почна да прави глупости, и тоа го кажувам. Просто е“, напиша Котевска.

На собранискиот буџет денеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. „СДС наместо да крати како што велеа и самите од непродуктивните трошоци, тие ги дуплираат во однос на лани… Во предизборието најавуваа кратење на непродуктивните трошоци, па очигледно видоа дека се сведени на миниум од страна на ВМРО-ДПМНЕ и решија да ги дуплираат трошоците за свое лично луксузирање“.

Во собранискиот буџет речиси двојно се зголемени и парите за договорни услуги од 203 илјади евра на 382 илјади евра. За привремени вработувања пак, ќе се потрошат 150 илјади евра.

Собранието догодина планира да набави и нови возила за што би потрошило околу 97 илјади евра. Едно од поголемните покачувања во буџетот на Собранието е за Собранискиот канал – 340 илјади евра за набавка на опрема и машини.

Прв пат во собранискиот буџет се одвојуваат пари и за Парламентрниот институт кој досега се финансираше од донации на странски амбасади. Вработените во Институтот и понатаму ќе бидат платени со странски пари, а државата ќе потроши 112 илјади евра за договорните услуги и патни трошоци.

Во буџетот на парламентот вратени се и парите за средби со граѓани на 210 илјади евра, кои со ребалнсот летово беа прополовени.

Извор: МКД.мк