Се зголемува бројот на жртви и повредени по нападите на аеродромот во Кабул


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најновата црна статистика вели дека најмалку 90 луѓе и 13 американски војници загинаа, а над 150 се повредени во вчерашните два самоубиствени напади на аеродромот во Кабул.

Исламската држава Корасан (ИД-К), регионалната група на ИСИС многу порадикална од талибанските милитанти кои ја презедоа власта пред помалку од две недели, ја презеде одговорноста за нападот. Утрово, напорите за евакуација на авганистанските цивили и странците продолжуваат со авиони, додека САД стравуваат од нови напади.

Според дипломат на НАТО, сите странски сили во Авганистан имаат за цел да ги евакуираат своите граѓани и вработените во амбасадите.

Во емотивниот говор, претседателот Џо Бајден вети дека ќе ги казни одговорните за нападот и ќе продолжи спасувањето на Американците и авганистанските сојузници. Но, и покрај интензивниот притисок да се продолжи рокот за евакуација и по 31 август – рок договорен со талибанците, тој повтори дека заканата од терористички напади е причина да се држи до неговиот план.

Иако во соопштението Исламска држава кажа дека меѓу загинатите во нападот има и талибанци, нејасно е дали е тоа точно. Ројтерс пренесе изјава од талибанската команда дека 28 талибанци загинаа во нападот, но подоцна тие соопштија дена нема нивни загинати.

Никој не знае колку талибанците ќе бидат ефикасни во борбата против сунитските екстремисти на Исламска држава, кои имаат врски со попознатата филијала на групата во Сирија и Ирак и кои извршија серија брутални напади во Авганистан, главно насочени кон шиитското муслиманско малцинство.

ИСИС-К, или поточно Исламска држава на провинцијата Корасан (ИСКП) е регионална група на ИСИС (Исламска држава) која е активна во Авганистан и Пакистан, таа е најекстремната и најнасилна од сите милитантни групи во Авганистан. Создадена е во јануари 2015, во врвот на силата на ИСИС во Ирак и Сирија, пред самопрогласниот калифат да биде поразен од коалицијата предводена од САД. Групата регрутира и авганистански и пакистански џихадисти, а особено отпадници од авганистанските талибанци кои сметаат дека нивната организација не е доволно екстремна.