Се заострија односите меѓу Кирацовски и Азманов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Александар Кирацовски, пратеник од владејачката СДСМ, чие име на големо се споменува во врска со актуелната афера и веќе случај отворен од ОЈО, и бизнисменот и инвеститор во недвижнини, Зоран Азманов, се фатија во костец и се зачекаа „на медиумски нож“ во врска со споменатата афера.

Кирацовски медиумски се конфронтираше со градежниот инвеститор Зоран Азманов откако овој јавно во интервју го обвини дека наводно бил рекетиран од поранешниот генерален секретар на владеачката партија.

„Трендот на лажни вести мора да запре. На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.

Бизнисменот Азманов претходно во интервју за Инфомакс посочи разговор според кој Кирацоски е фактор што одлучувал за објавување на негови лични фотографии на портали: Реагирал до порталот да избрише објавени прилози, кои според сопственикот на „Настел“ биле невистини, но уредникот му пренесол дека не може ништо да избрише додека не му каже Кирацовски, раскажува Азманов во интервјуто.

По објавата на интервјуто со Азманов сопственикот на порталот Доказ негираше дека Кирацовски ги контролирал содржините на неговиот портал и најави тужба за тие што така тврдат.

Сега вели дека објавите против него на 1ТВ биле платени од негова конкуренција.

– Боки 13 не можел да изрекетира ниту едно центче од било кого ако зад него не стоеле поединци од институциите на власта кои треба да го бркаат таквиот криминал и луѓе на високи позиции во власта – рече Азманов.

Додаде дека му биле нудени бизниси од претходната власт за „Скопје 2014“, но не ги прифатил.