Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Одметнатиот“ британски кралски пар, Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) започнаа нова бизнис соработка. Нивната непрофитна организација Арчевел потпишала договор со Procter & Gamble.
Procter & Gamble е американска компанија основана во 1837 година и е позната по производство на повеќе од 250 брендови. Oral B, Gillette, Pampers, Ariel и Duracell се само некои од многуте производи на оваа компанија. Нивниот примарен фокус е на производи за бебиња, женска и семејна хигиена, убавина и производи за бричење.
Но, соработката помеѓу кралскиот пар и таа компанија покрена низа проблеми. Во 2011 година, Procter & Gamble морал да плати казна од над 200 милиони евра за утврдување на цените. Пет години подоцна, компанијата била поврзана со принудување на деца на возраст од 8 до 14 години да работат за подизведувачот Вилман Интернешнл.
Војвотката од Сасекс, Маркл, самата се спротивставила на компанијата со која сега работи.
Во време кога таа имала само 11 години, Procter & Gamble објавиле оглас за детергент за миење садови. Војвотката го сметала рекламирањето за сексизам и им испратила писмо. Реченицата што за неа била сомнителна гласела: „Мајките ширум Америка се борат со маснотиите на тенџериња и тави“.
Во писмото, таа побарала реченицата да започне со: „Луѓето низ цела Америка …“ и успеала во тоа.
За време на едно интервју во 1993 година, таа објаснила дека е бесна поради огласот.
„Кога момчињата од мојот клас ја слушнаа таа реклама, рекоа дека на жената местото и е во кујната“, рече Маркл во интервјуто и додаде дека едноставно знаела дека таквиот оглас е погрешен.
– Тоа ми постави одредена насока, па ако нешто тргне наопаку, ако недостасува правда и нееднаквост, некој мора да стори нешто. Зошто не би била јас? објаснила војвотката.
Таа ја имала честа да одржи говор во 2015 година на состанокот на Обединетите нации каде зборувала за недостатокот на феминизам и ја раскажала приказната за тоа како едно писмо успеало да го смени рекламирањето.
Кралскиот пар сака да изгради заедница со повеќе сочувство за младите девојки и жени, па ваквиот вид на соработка ги доведува во прашање целите на нивната организација.
Archewell и Procter & Gamble потпишале повеќегодишен договор насочен кон унапредување на родовата еднаквост, посеопфатен интернет простор и влијание преку спортот. Славната двојка верува дека на овој начин гласот на девојките и нивното мислење ќе се слушнат онаму каде што се носат одлуки.
Фондацијата Арчевел соработува и со мажи и момчиња.
Да потсетиме, младата кралска двојка минатата година се пресели во Канада, а потоа во Лос Анџелес, каде што сега живеат и работат и решија да станат финансиски независни. Истата година тие ја основаа непрофитната организација Арчевел, а инспирацијата за името потекнува од името на нивниот син Арчи. Оттогаш, организацијата континуирано ја проширува соработката и ги зголемува приходите.