Home Актуелно Се враќа сончевото и топло време

Се враќа сончевото и топло време

Денес, 8 јули, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува умерен до засилен ветер, од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 22 до 32 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претежно сончево и топло. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе спушти до 13, а дневната ќе достигне 29 степени. Маврово 22, Охрид и Крива Паланка 25, Битола 28, Берово 24, Кавадарци 30, Дојран 32.

Од утре следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…