Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Технолошкиот гигант Аpple е спремен за свое враќање на пазарот за нискобуџетни смартофони по паузата од четири години.
Оваа компанија планира да започне производство на нискобуџетниот iPhone во февруари, но официјално ќе го претстави во март оваа година, пишува CNET.
Apple на пазарот се враќа по долга пауза, претходниот модел којшто беше поевтин од другите беше iPhone SE кој чинеше 399 долари.
Во септември минатата година јапонскиот весник Nikkei објави дека новиот iPhone ќе има поевтин LCD за да има пониска цена, но ќе има други компоненти кои се користат за производство на стандардните смартфони на Apple.
Apple се одлучи на овој чекор за да повторно ги придобие купувачите.
Продажбата на Apple во четвртиот квартал опадна за 10%, што значи околу 33 милијарди долари компанијата беше во загуба.