Се верува дека е најзаразен – еве кои се симптомите на „кракен“ подваријантата од коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светската здравствена организација неодамна ја откри загриженоста за сè побрзото ширење на „Кракен“, подваријанта на омикрон сојот на корона вирусот (XBB.1.5.) што ја зафаќа Америка.

СЗО верува дека ова е најзаразната подваријанта на ковидот досега откриена. Сепак, првичните информации укажуваат дека предизвикува блага клиничка слика, како и омикрон.

Овие се сите симптоми на сојот „Кракен“ на корона вирусот:

кивавица
слабост
главоболка
зголемен секрет
болки во коските
замор

Раните симптоми се речиси идентични со омикрон. Значи, состојбата во првите денови е слична како кога ќе фатиме грип или кога ќе настинеме. Сепак, во наредните денови ситуацијата почнува брзо да се комплицира и на скоро сите заразени лица на крајот им е потребна хоспитализација.