Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Можните предвремени парламентарни избори ја усложнуваат односната ситуација помеѓу власта и опозицијата бидејќи од овие вториве до првите стигнуваат сè покомплицирани услови.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вчера од премиерот Зоран Заев побара јавно да се откаже Преспанскиот договор, а по изборите да и удоволи на опозицијата – да се формира ново јавно обвинителство, наместо сегашното СЈО, на чие чело токму ВМРО да предложи прв човек. Новото обвинителство, според Мицкоски, ќе треба да го прошири радиусот на истраги, кон минатите но и сегашната власт.
„Господинот Зоран Заев веднаш да се откаже од договорот, а потоа ајде веднаш на избори. За тоа има две опции. Првата ја соооштив, тоа се избори кои Заев ги најави, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. И за кои и да се случат, мора да има техничка пржинска Влада, содржинска иста каква што имаа СДСМ пред изборите во 2016 година“, изјави Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, партија која го закочи решавањето на спорот за името со Грција, а со тоа и евроатланската иднина на земјата, сега предупредува на нова политичка криза, како резултат, според Мицкоски, на неспособноста на власта да раководи со важните државни процеси.
„Второто барање е Јавен обвинител кој на предлог на опозицијата, како и собраниска комисија која ќе ги разгледа нерегуларностите на референдумот, за истите да не ни се случат на следните избори“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Веднаш реагираа од СДСМ. Според нив, Мицкоски е против Македонија и против целиот демократски свет.
„Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ. Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет.”, вели Костадинов.
Мицкоски ги отфрли гласините дека власта преговара со пратеници од опозицијата за обезбедување поддршка во Собранието на Договорот со Грција, служејќи се со често повторува ите зборови дека ниту еден пратеник нема да постапи против волјата на народот, кој на референдумот се изјасни против Преспанскиот Договор. Тој отфрли и дека неговата партија всушност бара амнестија за своите пратеници и екс лидерот, обвинети и осудени за тешки кривични дела. Но премиерот Зоран Заев пред неколку дена рече дека нема зошто да, се среќава со Мицкоски по прашањето за поддршка во Парламентот. А министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во неколу наврати тврдеше дека во претходните преговори власт- опозиција, од ВМРО единствено се фокусирале на можноста за, спас од казни за своите сопартијци.